| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени вандалите кои беснееја во кафе-барот „Гаџа“

Кривични пријави се поднесени против М.К.(22) од Скопје поради основано сомневање дека извршил три кривични дела и тоа едно насилство и две тешки кражби, и против Ф.Д.(21), Ј.А.(19), М.И.(20) и Р.М.(22) за насилство. На 4 октомври околу 23 часот на улица „Казанџиска“ во кафебарот „Гаџа“ осомничените извршилe насилство, претепале гости, украле две машки црни чанти во кои имало повеќе од 2.000 евра, 12.000 денари, еден клуч од возило и една патна исправа. Потоа разбојниците почнале со стаклени шишиња да фрлаат кон оградното стакло на локалот кое го искршиле и заминале.

По неколкудневна истрага, утврден е идетитетот на осомничените и тие биле приведени. Дел од нив во полициската станица на Бит пазар  го појасниле целиот случај.

Против дел од осомничените и претходно биле поднесувани кривични пријави од областа против животот и телото и имотните деликти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top