| четврток, 6 декември 2018 |

Симон прв финалист во Шангај

Францускиот тенисер Жил Симон е првиот финалист на турнирот од Мастерс серијата во Шангај по победата од 2-0 против Фелисијано Лопес.

Симон успеа да го скроти разиграниот Шпанец и да се пласира во самата завршница, каде го очекува подобриот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Тој дуел е закажан за 14,30 часот, а финалето ќе се игра утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top