| четврток, 6 декември 2018 |

Пензионери бараат животно осигурување во случај да починат од ебола

doktori-pred-hotel.1-jpg

Пензионерите во Скопје се во паника, по информацијата дека е можно британскиот гостин да починал од ебола. Тие бараат начин да се спасат од опасниот вирус, но и да се осигураат. Во текот на вчерашниот ден осигурителните компании во земјава се соочиле со интересно барање – пензионери барале животно осигурување во случај да починат од ебола.

Се јавија неколкумина пензионери да се информираат за животно осигурување. Во една од напшите филијали дојде една постара жена, на возраст од околу 78 години. Бараше животно осигурување. Се обидовме да и објасниме дека не правиме животно осигурување за лица постари од 65 години. Но таа инсистираше да сме провереле кај нашите директори, бидејќи сакала да се осигура поради стравот дека може да почине од ебола – вели една вработена во филијала на една од осигурителните компании во земјава.

Покрај 78-годишната жена, во осигурителните компании деновиве се обратиле повеќе пензионери кои барале понуда за животно осигурување.

Простор за паника за вирусот ебола нема. Сѐ уште не е потврдено дека Британецот во скопскиот хотел починал од ебола. Тој имал дел од симптомите, но истите симптоми се јавуваат и кај други вирусни заболувања. Се очекуваат резултатите од странската лабораторија за да се види случајно да не се работи за смртоносниот вирус ебола. Гостите во хотелот „Супер 8“ се уште сѐ во карантин. Ќе останат таму додека не се добијат резултатите од испитувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top