Најмалку седум лица загинаа вечерва, додека 42 се повредени во човечко стампедо за време на антивладините протести во
пакистанскиот град Мултан, соопшти медицински претставник.
– Вкупно седум безживотни тела се донесени во болница, а 42 повредени во човечкото стампедо по собирот на опозициската партија Пакистан Техреек е Инсаф, изјави директорот на болницата Парвез Хајдер.
До стампедото дошло во момент кога интензитетот на протестите ослабел во текот на вечерта и насобраните почнале да го напуштаат местото на собирот.
Опозицискиот пакистански политичар Имран Кан говореше на протестниот собир во централниот пакистански град Мултан во намера да изврши притисок врз премиерот
Наваз Шариф да поднесе оставка и го обвини дека местел гласови на минатогодишните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова е моментот на ужасот во Торино: Повредени 400 луѓе, моментот на експлозијата и крваво стампедо (видео)
-
Муслиман направил хаос во црква на Велики петок: Хрвати во паника настрадаа во стампедо
-
Стампето на натпревар: Загинати 17 лица, најмногу деца (вознемирувачко видео)
-
Над 60 повредени во стампедо на концерт во Австралија