| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е моментот на ужасот во Торино: Повредени 400 луѓе, моментот на експлозијата и крваво стампедо (видео)

Во стампедото до кое дошло во Торино меѓу навивачите кои ја следеле Лигата на шампионите на џиновски екран поставен на плоштадот Сан Карло во тој град повредени се 400 луѓе, јавија италијанските медиуми.

Главно станува збoр за полесни повреди, но пет лица се тешко повредени вклучувајќи и едно дете кое е прегазено од стампедото луѓе, јави Скај TG24.

Засега не е познато што точно ја предизвикало паниката, а се споменува можност луѓето за фрлените петарди да помислиле дека е експлозија и почнале да бегаат, наведуваат медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top