| четврток, 6 декември 2018 |

СЗО: 4.033 лица во светот починале од ебола

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека 4.033 лица во светот починале од вирусот ебола, јави ДПА. Најзасегната држава од болеста е Либерија, каде жртвите се 2.316, по која следуваат Сиера Леоне и Гвинеја, каде починале соодветно 930 и 778 лица.

Девет лица починале во други држави, вклучувајќи ги САД, Шпанија, Сенегал и Нигерија.

СЗО, која ја изготвува статистиката врз база на собрани податоци од здравствени власти, соопшти дека има 8.399 сомнителни или потврдени случаи на заболените од ебола.

Три лица во Мали се подложија на експериментална вакцинација. Доброволците се меѓу 40 малиски здравствени работници, кои се согласија да учествуваат во испробувањето на вакцината cAd3-EBO-Z, разработена од Националниот институт за алергиски и инфективни заболувања во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top