Дваесет и едногодишниот скопјанец И.Ш. и неговиот врсник и сограѓанин А.Н., кој е во бегство, според скопската полиција, се крадците што провалиле во домот на дипломатот и бизнисмен Срѓан Керим, но, исто така, се осомничени и за серија грабежи и кражби.
Двајцата арамии се осомничени за неколку грабежи во маркетите „Кам“, бензинска пумпа, а украле и неколку автомобили, но и пари. Разбојниците, велат од МВР, имале опсежно полициско досие, за извршени разбојништва, кражби, разбојнички кражби, но неколку пати и нападнале полицајци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.