| четврток, 6 декември 2018 |

Кралицата Елизабета ја прогласи Анџелина Џоли за Почесна дама (фото)

Актерката доби одликување за нејзините услуги за британската надворешна политика и борбата против сексуалното насилство.

На актерката во Бекингамската палата од Кралицата Елизабета 2 ѝ беше предадено „Oбележје на Почесна дама“ за нејзината борба против употребата на сексуално насилство како оружје за време на војна.

hitportal-dzoli-i-kralicata2

Во палатата актерката пристигнала со сопругот Бред Пит и шесте деца.

– Кралицата ѝ го додели одликувањето на Анџелина Џоли, а потоа децата и Бред Пит беа претставени пред неа. Целата средба траеше 20 минути, изјави извор за „Мирор“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top