Скопското кино „Милениум“ ги следи светските трендови и утре, од четврток, на репертоарот ќе се прикажува „Царството на волшебникот од Оз“ во тридимензии. Утре ќе биде и светската премиера на филмот чиј режисер е Сем Раими, а во главните улоги настапуваат атрактивната Мила Кунис, потоа Џејмс Франко, Мишел Вилијамс, Рејчел Вајс. Ова е фантастично, авантуристичко, филмско оживотворување на легендарната приказна за волшебникот од Оз.
Кога Оскар Дигс, магионичар во циркус со сомнителна провиниенција, „патува“ од правливиот Канзас во чудесната земја Оз, има впечаток дека, конечно, му се насмевнала среќата. Но, работите се менуваат кога ќе ги сретне трите вештерки Теодора, Еванора и Глинда, кои не се убедени во неговите магионичарски моќи. Соочувајќи се со Оз и неговите жители, Оскар Дигс ќе мора да открие кој е олицетворение на доброто, а кој на злото, пред да биде прекасно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.