| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер ја покажа сета своја сила

Последниот патник во полуфиналето на мастерс-турнирот во Шангај е швајцарскиот тенисер и најдобриот тенисер на сите времиња Роџер Федерер. Тој лесно по само неполн час успеа да го победи Французинот Жулиен Бенето со 2-0 (7-6, 6-0) во сетови.
Францускиот ветеран му парираше на популарниот Федекс само во првиот сет кога стигна до тајбрејк, но не успеа да го освои сетот. Во вториот целосно се распадна играта на Бенето и тој не успеа да освои ниту еден гем. Федерер беше супериорен во текот на вториот сет и за нецели 20 минути успеа да го освои сетот.
Тој со оваа победа закажа меч во полуфиналето против првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top