| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштена во етер првата песна од новиот албум на „Пинк флојд“

pink flojd

По неколкунеделно интересирање на обожавателите за новиот албум на „Пинк флојд“, најпосле е пуштена првата песна за преслушување. „Погласно од зборовите“ е една од единаесетте композиции во „Бескрајна река“ . Ова е првиот албум што групата го издава од 1994 година наваму.

Премиерата била на радио „Би-Би-Си 6“, а во моментов песната може да се слушне на сајтот Open Culture. Тоа е една од малкуте песни на албумот со вокална изведба, а текстот го напишала Поли Самсон, сопругата на Дејвид Гилмор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top