| четврток, 6 декември 2018 |

По 65 години брак, сопружници починале во 40 минути разлика

7ea3f0a27e4b30e5ac673afbd2ac9df8

Бразилската двојка живеела 65 години во среќен и романтичен брак, велат роднините

Бразилците Италвино и Дива Пос, по 65 години брак, починале еден по друг, за 40 минути, и тоа лежејќи еден крај друг во иста болничка соба.

Италвино имал 89 година и се борел со леукемија од август минатата година. Дива одела на хемотерапија поради тумор, кој ѝ бил откриен во април. Минатата недела нејзиното здравје сериозно се влошило и таа ги повикала членовите на семејството.

a050596a0231a0d51e286a36622bb14b

На денот на венчавката

– Почувстува дека доаѓа крајот и затоа посака да ги види роднините. Дедо ми отиде во нејзината соба. Разговараа, а потоа двајцата починаа – изјави внукот на оваа брачна двојка.

Прв починал Италвино.

– Откако почина дедо, мојата тека ѝ шепна на баба дека дедо почина во сон. Во тој момент таа се смири. Почина по помалку од еден час – раскажа внукот.

Италвино и Дива се запознале во 1948 година, на едно матине. Двојката имала 10 деца и 14 внуци. Роднините велат дека нивниот брак бил многу романтичен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top