| четврток, 6 декември 2018 |

Во Унгарија бараат и отпечаток од прст за влез во земјата

Oд саботата на границата кон Унгарија на влезот во шенгенскиот простор, патниците од трети држави ќе мора да покажат и отпечаток од прстот. Ова го соопшти унгарската полиција наведувајќи дека се работи за примена на обврските од шенгенскиот договор постигнат во 2011 година за воведување на визен информационен систем, чија примена требаше да почне во рок од три години.
Во официјалното соопштение на унгарската полиција се наведува дека унгарската граница се наоѓа на работ на шенгенскиот простор и затоа  овде ќе се оставаат отпечатоци од прстите на премините со државите: Украина, Романија и Србија. Така оваа гранична линија станува и дополнителна контрола во вид на оставање отпечатоци-нова мерка која ќе се воведе за поголема безбедност на шенгенскиот простор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top