На аеродромот Александар Велики денеска е мирно, без тензии, во пресрет на враќањето на аџиите од Саудиска Арабија.
Медицински тимови се распоредени на аеродромот и вршат 24-часовни дежурства. Тие на секој начин се вклучени во детекцијата на евентуално заболени од болести што ги нема кај нас , а меѓу нив е и опасната ебола. Сите патници што влегуваат на аеродромот минуваат низ термална камера, која ја мери нивната температура.
– Нашата работна задача се состои во дежурства на аеродромот Александар Велики во три смени, наутро, попладне и ноќна смена. Доколку термалната камера регистрира покачена телесна температура повисока од 37, 5 го повикуваме пациентот, го седнуваме и му земаме податоци од која земја доаѓа и мериме температура – вели дежурната докторка од Здравствен дом – Скопје.
Таа објаснува дека доколку проверката покаже покачена температура повисока од 37, 5 степени, дежурната служба ги известува колегите од тимот што работи на аеродромот и се преземаат натамошни превентивни мерки за таквите пациенти.
Доколку пациентите кажат дека доаѓаат од ризичните подрачја во кои веќе постојат случаи и починати од ебола, тогаш од нив се земаат телефони за контакт и се испраќаат до службите на Министерството за здравство, кои ги преземаат сите мерки што треба да се спроведат.
ФОТО: Ѓорѓи Личовски
ВИДЕО: Жан Лековски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)







