| четврток, 6 декември 2018 |

Виолета Булц, нов словенечки кандидат за еврокомесар

violeta
Словенија ќе ја предложи вицепремиерката Виолета Булц за нов словенчки кандидат за европски комесар откако поранешната словенечка премиерка Аленка Братушек ја повлече кандидатурата, јави словенечката државна агенција СТА, повикувајќи се на неофицијални извори.
Булц стана вицепрмиер и министер за развој и стратешки проекти и политики на Словенија со изборот на новата влада на премиерот Миро Церар минатиот месец.
Претходната словенечка кандидатка за еврокомесар за енергетика, Аленка Братушек, се повлече откако не го доби потребниот број гласови за избор во Комитетот за енергетска политика на Европскиот парламент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top