| четврток, 6 декември 2018 |

Прободен со нож додека седел со својата девојка

noz
34-годишниот Б.И и 19-годишниот З.В.од Тетово заработија кривична пријава за насилство. На 2 месецов, околу 5 часот, на улицата „Видое Смилевски – Бато“, додека 25-годишниот Е.Џ. бил со неговата девојка Е.Р.(24) од Скопје, дошле двајцата насилници со патничко возило „опел кадет“, по што физички го нападнале Е.Џ. Во еден момент Б.И. извадил нож и му нанел три убодни рани на тетовецот.

Девојката се испаничила и при обид да ги раздвои, и таа се здобила со гребаници и исеченици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top