Сметководството и ревизијата во функција на економскиот развој – сметководителите во земјава пред нов предизвик. Сојузот на сметководители прави напори, на некој начин, да им ја олесни работата на финансиските работници во земјава. Предизвиците пред кои се исправени сметководството, ревизијата и финансиите, како и учесниците во финансиско известување и ревизија на финансиските извештаи, но и корисниците на известувањето се тема на годинашниот, 16.симпозиум, каде што мотото е „Сметководството, финансиското известување и ревизијата во функција на менаџментот и наекономскиот развој“.
Сојузот на сметководители ја обнови старата традиција – преку симпозиуми сметководителите да се запознаат со странските искуства, да научат нешто ново, полесно да влезат во тој економски развој со кој се соочува нашата земја. Традицијата беше обновена пред две години, кога се случи 14. симпозиум. Деновиве сметководителите во Струга, во рамките на 16. симпозиум, заедно со своите колеги од странство говорат за мултифункционалноста на сметководството, финансиското известување и ревизијата за цели на апликативниот менаџмент, но и за економскиот развој на државата. Темата е актуелна за консументите и претставува предизвик за академската и на професионалната заедница.
– Сојузот на сметководители прави напори да им организира разни советувања, семинари, трибини и активности на сметководители за здобивање посебни звања и лиценци за работа. Исто така, организираме симпозиуми и научни истражувања, кои би им помогнале на сметководителите подобро да ги совладаат новините и полесно да се соочат со предизвиците што постојано се појавуваат. Во тек на минатиот месец остваривме средба со висок претставник на Меѓународната институција на сметководителите во Брисел,Мартин Монуци, на која дојде до формирање работно тело со претставници од седум земји заради поддршка во едукација и надзор на професијата сметководител – вели Ленче Папазовска, претседателката на Сојузот на сметководители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Работилница на ИСОС: Имплементација на најдобрите меѓународни практики за квалитетни сметководствени услуги
-
Сојузот на сметководители одбележа 60 години постоење (фотогалерија)
-
Правниците и сметководителите со највисоки плати