| четврток, 6 декември 2018 |

Вугринец останува во Металург, и Атман отпатува за Загреб

Ренато Вугринец и Павел Атман ќе играат за Металург против ППД Загреб во третото коло од ракометната Лига на шампиони. Македонскиот вицепрвак ќе биде видно засилен во еден од клучните мечеви во фазата по групи со присуство на двајцата интернационалци.

Вугринец поради казна и повреда, но и поради финансиски проблеми во клубот не настапи во првите две рунди, а Металург загуби од ПСЖ дома и од Мешков Брест на гости. Атман играше со францускиот првак, а потоа не отпатува за Белорусија на дуелот со Мешков. Тој има договор со Веспрем и веројатно ќе игра за унгарскиот шампион од идната сезона.

Renato-Vugrinec-1

Лоша вест за Металург е суспензијата на Дејан Манасков од страна на ЕХФ поради црвениот картон на дуелот со Белорусите. Казната е само за следниот меч во Загреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top