Македонскиот фудбалер Агим Ибраими ќе го пропушти натпреварот со Украина, кој се игра в недела во Лaвов, поради повреда на тетивата.
Поради повредата, напаѓачот на Марибор го заврши натпреварот со Луксембург на полувремето.
– Ибраими и пред натпреварот се жалеше на повреда. На полувремето сакав да ги извадам Муарем и Цуцули, но поради повредата на Ибраими Муарем останаа во игра и поради тоа подоцна влезе во игра Јаховиќ. Ибраими нема да може да игра против Украина и тој ќе се врати во Марибор – изјави на прес-конференцијата по мечот со Луксембург македонскиот селектор Бошко Ѓуровски.
Покрај Ибраими, Ѓуровски нема да може да смета и на играчот од средниот ред Мухамед Демири, кој на дуелот со Луксембург по сударот со Даниел Мојсов има повреда на главата и по препорака на лекарскиот тим, мора да одмора неколку дена.
Проблем со повреда има и дефанзивецот Стефан Ристевски, кој ќе патува за Украина, но неговиот настап е неизвесен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агим Ибраими спогодбено го раскина договорот со Астана, сега е слободен играч
-
Се поднови македонскиот репрезентативец – Нов ѕвер од 150 000 илјади евра во гаражата на Ибраими
-
Ибраими: Сон на секој фудбалер е да игра во Лигата на шампионите
-
Ибраими: Дојдов во Астана за да бидам шампион и да играм во ЛШ