| четврток, 6 декември 2018 |

Алексис Санчез: Премиерлигата е најсилна и најквалитетна

Фудбалерот на Арсенал, Алексис Санчез, изјави дека англиската Премиерлига е посилна и поквалитетна од најсилните фудбалските првенства во Шпанија и Италија, односно Примера и Серија А.

– Кога ќе ги споредам овие три лиги можам слободно да кажам дека Премиерлигата е најтешка, но истовремено и дека најмногу ми се допаѓа за играње. Пред да потпишам за Арсенал, сите ми зборуваа колку е добра лигата и дека во неа има голем број квалитетни играчи. Сега се уверив лично во тоа – изјавил Санчез за англиските медиуми.

25-годишнот Чилеанец, кој минатово лето дојде во лондонски Арсенал од Барселона, претходно настапуваше и во италијанското првенство како член на Удинезе.

Санчез, досега за „топџиите„ одигра шест натпревари и постигна два гола во Премиер лигата, како и два гола на трите одиграни средби во Лигата на шампиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top