| четврток, 6 декември 2018 |

Дарко Станиќ си замина од Металург

stanic

Македонскиот ракометен шампион Металург и голманот Дарко Станиќ спогодбено се договорија да ја завршат тригодишната соработка.

Двете страни во конструктивна атмосфера се договориле за сите детали што се содржани во спогодбениот раскин на договорот.

Металург му изразува голема благодарност на Станиќ за се што во изминатите три години даде за тимот и што беше учесник во многу убави и историски моменти за клубот.

– Поминав три прекрасни и незаборавни години во дресот на Металург. Седнавме на маса и во конструктивен дијалог со управата на клубот спогодбено го раскинавме договорот. Најискрено жалам што и јас и клубот се најдовме во оваа ситуација, но на крајот сите заедно собравме сили и го изнајдовме најдоброто решение за двете страни. На мојот досегашен клуб му посакувам многу среќа во иднина и повторување на истите резултати и успеси од трите сезони во кои и јас бев дел од овој успешен проект – изјави Станиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top