Влатко Стефановски утре во „Сава центар“ во Белград ќе одржи концерт по повод 40 години кариера. На еден од своите обожаватели, тој ќе му подари електрична гитара со негов потпис. Освен ова, Стефановски најавува и големи изненадувања.
„Присутните ќе се запознаат со сјајни музичари за кои досега можеби не слушнале, бидејќи сакам нивната работата да ја покажам на публиката. Ќе има многу гости и верувам дека сите ќе бидат воодушевени“ изјави Стефановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.