Во третото коло од Лигата на шампионите македонскиот ракометен првак Металург ќе гостива во Загреб в сабота. Дополнителни грижи на тренерот Лино Червар му прави отсуството на Дејан Манасков, левото репрезентативно крило, кој доби суспензија од ЕХФ поради црвениот картон што го доби на гостувањето против Мешков Брест.
При еден груб старт Манасков продолжи конфронтација со Растко Стојковиќ од противничкиот табор, по што двајцата беа исклучени. Дисциплинската комисија на ЕХФ одлучи дека и Манасков и Стојковиќ немаат право да настапат на еден натпревар од Лигата на шампионите за своите екипи.
По минатонеделните познати случувања во РК Металург, ова е уште еден сериозен проблем. На левокрилната позиција тренерот Червар ќе го има на располагање само Гоце Ојлевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.