| четврток, 6 декември 2018 |

Косовски медиуми: Меѓу уапсените доктори на Косово е и кардиологот Борче Петровски

косово
Девет лица од Министерството за здравство на Косово, меѓу кои е и македонски кардиолог Борче Петровски, денеска се уапсени, објавува косовскиот медиум „Коха.нет“ повикувајќи се на свои извори. Петровски во Косово бил приведуван и во 2007 година, но ослободен поради немање  на докази.
Според сознанијата на медиумите, тие се осомничени за злоупотреба на службената положба поради што е можно да починале стотина пациенти.

Повикувајки се на свои извори од косовската полиција, приштинските медиуми пишуваат дека акцијата била организирана во Приштина и во Пеќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top