| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштено во продажба виното на Анџелина Џоли и Бред Пит

brangierosewine

Познатата холивудска двојка Анџелина Џоли и Бред Пит произведува сопствена линија на вина, а првото розе вино, кое настана во соработка со угледниот производител на вино Марк Перин, е  пуштено во продажба. Ова вино го доби името по нивниот имот во Франција, Миравал.

Виното ќе биде претставено во француската јавност на 15 март, а тоа вино е розе. Анџелина и Бред виното го произведоа со помош на познатата винарска фамилија Перин.

Актерите го поседуваат францускиот имот Миравaл од 2008 година, а многумина мислеа дека го купија само за таму да се венчаат, но очигледно имале и други планови. Од нивното лозје со години се прави розе вино. И поранешните сопственици го произведувале, но Анџелина и Бред на сè сакаат да дадат свој печат, па и виното ќе го преименуваат во „Миравел”.

На шишето ги пишува и нивните презимиња, како и презимето на семејството Перин. Имаат намера да го прошират производството на бело и на црно вино во текот на оваа и следната година. Според извори блиски до двојката, двајцата се одушевени со новиот проект и инсистираат да бидат вклучени во секој негов сегмент.

Славната двојка  почна да се занимава со винарство и зеде директно учество во создавањето розе вино, кое се произведува на нивниот имот во Шато Миравал во јужниот дел на Франција, јавува „Ројтерс“.

Според соработникот на славните актери, познатиот француски произведувач на вино Марк Перин, Џоли и Пит го контролирале целиот процес на производство на виното. Притоа, тие сакаат да бидат сигурни дека е направено сè за да се произведува најдоброто вино во Прованса.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top