| четврток, 6 декември 2018 |

Манчини: Ливерпул е последна шанса за Балотели

Италијанскиот стратег Роберто Манчини смета дека Балотели, конечно, мора да го покаже талентот што го поседува бидејќи Ливерпул би можел да биде негова последна шанса.

– Марио, веројатно, знае дека Ливерпул му е последната шанса да покаже што знае на теренот. Само тој може да си помогне себеси. Често се слушаме и мислам дека е свесен за тоа. Ми рече дека сака да постигне многу голови за новиот тим и да биде успешен во Ливерпул – истакна Манчини.

Под водство на италијанскиот стратег Балотели дебитираше во Серија А со неполни 17 години, а подоцна Манчини го повлече и во Манчестер сити каде што беше менаџер.

Супер Марио одигра три сезони во Сити, по што се врати во Италија како член на Милан. Сезонава темпераментниот напаѓач на осум натпревари во дресот на Ливерпул постигна еден гол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top