Екипата на Ница го совлада Пари Сен Жермен со 3-1 во последниот натпревар од најсилната француска лига вечерва и драстично му ги намали шансите за одбрана на титулата на актуелниот француски првак. Сега ПСЖ има три бода помалку од Монако, кој има одиграно и еден меч помалку, на три кола до крајот на шампионатот. Тоа е огромна предност за „кнезовите“.
Ница со овој триумф се доближи на три бода до ПСЖ, во обидот да им го одземе и второто место, кое води директно во Лигата на шампионите.
Марио Балотели во 26.минута постигна одличен гол и го најави поразот на големиот ривал. Рикардо Переира на почетокот на вториот дел го дуплираше водствотот на Ница. Маркињос во 64.минута даде мала надеж за ПСЖ, но Донис стави точка на триумфот во 90.минута.
Во завршницата, фудбалерите на ПСЖ загубија глава, па поради груби стартови црвени картони заработија Тијаго Мота и Анхел Ди Марија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Балотели конечно проговори за сагата во Ница (Видео)
-
Фудбалерот на Монако, Ласина Траоре обвинет дека настапува со лажни податоци
-
Срамен потег на Дани Алвес во дуел со Роналдо, шпанските медиуми шокирани (Видео)