| четврток, 6 декември 2018 |

Лустриран уште еден академик на МАНУ

Комисијата за проверка на фактите на денешната седница утврди дека уште еден академик на МАНУ и поранешен директор на Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ соработувал со тајните служби.

lustracija

Академикот соработувал со УДБА и со СДБ 37 години, од 1950 година, сè до 1987 година. Неговиот псевдоним во досиејата на тајните служби бил Марко Мариќ.

Според лустраторите академикот давал информации за студентите од студентскиот клуб „Пирин“, каде што и самиот бил член, а меѓу другото давал информации и за писателот Богомил Ѓузел.

Лустрациска разгледувала и досие на еден поранешен директор на една скопска гимназија, но сè уште не донела одлука.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top