Медицинската сестра од Шпанија првите значи на заболување од ебола ги покажала на 30 септември, но бидејќи немала висока температура, дури на 6 октомври е примена во болницата „Алкокона“, во делот на Мадрид каде што живее. Во карантин е и нејзиниот сопруг и уште три лица, вклучувајќи и еден маж, кој допатувал од Нигерија. Нивните тестови на ебола засега се негативни. Истражувањето засега на сите контакти на болничарката се негативни и сите се под лекарски надзор. Станува збор за педесетина луѓе, кои биле во контакт со болничарката во последните неколку дена.
Во меѓувреме, шпанските власти денеска извршиле евтаназија врз Екскалибур, кучето на брачната двојка Ромеро, иако заболената Шпанка молела за неговиот живот. Хавие Лимон Ромеро се противел на неговата евтаназија, на што се приклучиле и активистите за правата на животните од целиот свет, кои сметаат дека нема докази дали кучињата може да заболат или да пренесат ебола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


