| четврток, 6 декември 2018 |

Во Косово уапсени лекари и функционери во Mинистерствoто за здравство

лекари

Косовската полиција изутринава уапси девет лица, меѓу кои лекари и функционери во Министерството за здравство, кои се осомничени за злоупотреба на службната должност..

Весникот „Експрес“, повикувајќи се на извор од полицијата, пишува дека единицита за борба против стопански криминал спровела поширока операција во Приштина и Пеќ, од каде што се лицата обвинети за злоупотреба на службената положба, а меѓу нив има лекари кои работат во болниците, но и на приватните клиники.

Освен уапсените, за овој случај е осомничен и самиот министер за здравство Ферид Агани, како и генералниот секретар во Министерството за здравство, изјавил истиот извор за весникот, додадвајќи дека акцијата продолжува.

– Тие се осомничени за злоупотреба на службената положба во врска со здравствена опрема, посебно стентови, кои се користат кај пациентите болни од срце – изјави претставник на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top