| четврток, 6 декември 2018 |

Шоу на Кајмакоски за зголемена доверба на репрезентативците (видео)

kajmak

Промоторот на македонската фудбалска репрезентација Даниел Кајмакоски преку мотивациски спот дава свој придонес во обид да се зголеми самодовербата на „рисовите“ пред вечерашниот дуел со Луксембург.

Кајмакоски упати порака до фудбалерите која гласи „Верувај во себе“. Натпреварот Македонија – Луксембург ќе се игра на арената „Филип Втори“ во Скопје со почеток од 20 часот и 45 минути.

Пред почетокот, популарниот македонски пејач ќе има настап за подигање на атмосферата кај навивачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top