Американската „УСА тудеј“ (САД денеска) наведе неколку причини поради кои смета дека Анкара не презема воени дејства во соседна Сирија против ИД иако војната за одбрана на Кобане, практично, е на самата граница. Турција, која е членка на НАТО, сѐ уште не презема ништо додека коалицијата на САД е сосредочена на воздушни напади.
1.Лутина кон САД
Турскиот претседател Ердоган е фрустриран бидејќи САД не се вмешаа во тригодишната војна во Сирија сѐ додека ИД не презедоа поголем дел од Ирак. Ердоган ги повика САД да помогнат во уривање на режимот на Асад, но не сака да пушти своја армија.
2. Лутина кон Курдите
Кобане е во раце на курдската фракција, чиишто лидери во Дамаск никогаш не се приклучија кон уривање на Асад. Режимот на Асад последните три години не го нападна градот. „Сега Кобане ѝ треба на Турција, а Анкара вели: се коцкавте три години и повикувавте на автономија на регионит без да се консултирате со нас, така што ова е дел од тоа коцкање. Сега сте препуштени сами на себе“ објаснува Илхан Танир, дописник за турскиот „Ватан“.
3. Недостиг од доверба
Турција 30 години се бореше со курдските сепаратисти – ПКК. Курдската фракција на чело на Кобане ПИД е поврзана со ПКК, која, пак, за Ердоган е еквивалент на ИД. Како резултат владее стравување дека доколку осигури помош за курдските борци, таа ќе биде употербена против Турција.
4. Загриженост поради тероризам
Милитантите оружјето и борците ги насочија преку Турција. ИД и мрежата на Ал Каеда во Сирија имаат мрежа во Турција. „Ако Турција го нападне ИСИС во Сирија, би можело да дојде до сериозен одговор во Турција, што е ризик што не сака да го преземе“, додаваат аналитичари.
5. Врски со ИД
Турските безбедносни и разузнавачки служби, можеби, имаат врски со милитантите од ИД. Групата ги ослободи заробените 46 турски дипломати еден ден пред воздушните напади од САД. Турција, можеби, знаела за нападите, па ги притиснала контактите во ИД да ги пушти дипломатите. Тоа, пак, подразбира дека Турција има поголемо влијание или силни врски со ИСИС отколку што се мисли, пренесува „САД денеска“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)