Европската ракометна федерација (ЕХФ) го прогласи мечот меѓу Вардар и Рајн-Некар Левен за дерби на третото коло во Лигата на шампионите.
Ракометниот коментатор Том О’Бранаган, покрај за мечот меѓу Вардар и Рајн-Некар, со комплименти и за градот Скопје.
– Ако некогаш добиете шанса, прошетајте во центарот на Скопје, покрај реката Вардар. Навистина, тоа е еден од најнеоткриените главни градови во Европа и плени со својата убавина – почнува текстот на О’Бранаган, кој потоа се наврати на натпреварот:
– И двата тима, всушност, имаат проблем на десната бековска позиција. Душебаев за Вардар и Петерсен за Рајн-Некар се одлични ракометари, но немаат замена. Ако го мериме натпреварот според овие двајца, тогаш поголеми шанси има Вардар зашто ќе претпоставите дека повеќе би издржал младиот Алекс – вели ирскиот коментатор.
Комплетниот текст можете да го прочитате на официјалната веб-страница на ЕХФ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ЕХФ направи направи видео за македонските навивачи (видео)
-
Грција казнета за политиката – 25.000 евра и службена победа за Македонија
-
Начевски и Николов ќе бидат дел од семинарот на ЕХФ како подготовка за ЕП во Хрватска
-
Успехот на Вардар ја искачи Македонија на четвртото место на ЕХФ ранг листата во Лигата на шампионите