| четврток, 6 декември 2018 |

Сопружници од Скопје обвинети за убиство на тригодишното внуче

gfdgldfkhdfl

Триесет и четиригодишниот Џемаил Б. и неговата 25-годишна сопруга Ј.М. вчера од Јавното обвинителство добиле обвинение за убиство на тригодишното дете на сестрата на жената. Според обвинението, двајцата го претепале до смрт бидејќи се измокрило на тепихот, јави „Сител“.

До почеток на судењето Џемаил Б. ќе остане во притвор, исто како и Ј.М., која беше осомничена дека му помогнала во убиството.

Сестрата на Ј.М. пред 12 месеци со сопругот се вселила на вториот кат од куќата лоцирана на Бит-Пазар, бидејќи останала сама со децата откако нејзиниот сопруг завршил в затвор.

Кога девојченцето било убиено ечела музика во куќата, па затоа никој не слушнал каков грозен настан се случува внатре.

Наодите од Судска медицина покажуваат дека малечката била често тепана, а на мртвото тело имало модринки и ѝ биле скршени ребра од двете страни на градниот кош. Клучната коска на малечката, пак, била скршена две недели пред убиството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top