Исклучително вреден и скап швајцарски часовник, марка „ролекс“, носи поглаварот на Исламската верска заедница во РМ, реис-ул-улема Сулејман Реџепи, објави „Дневник“. Според тоа што го забележавме при неодамнешното упатување на бајрамската честитка, се работи за часовник што овој реномиран производител го нарекол „јахт мастер два 44 мм“ и претставува комбинација од челик и од злато. Поради сето тоа, тој е исклучително скап примерок дури и во споредба со другите модели зад кои стои швајцарската фирма, а кои се движат од неколку илјади до повеќе десетици илјади евра. Нашата проверка во каталозите во кои се наведени цените на различни модели покажува дека овој модел може да се купи по цена од 35.500 евра. Толкава цена, имено, е наведена во каталогот на белградската фирма „Петит Женев Петровиц“, која е застапник за продажба на разни модели на швајцарската фирма во Србија. Часовникот што на својата рака го носи реисот Реџепи сосема е идентичен по својот изглед со тој што оваа позната српска фирма го нуди на продажба.
Цената од 35.500 евра се однесува на модел направен од 18-каратното злато. Ваков вид часовник првпат е направен во 2007 година и е опремен со механизам за одбројување регати и овозможува програмирање од една до десет минути.
Сепак, останува дилема дали тој е оригинален модел или се работи за негова копија. Во кабинетот на реисот вчера не добивме одговор дали часовникот е оригинален и од кога го има. Ако часовникот не е оригинален, односно, е нелегален модел на „ролекс“, сопственикот има обврска да го пријави кај надлежните органи што се занимаваат со заштита на индустриската сопственост.
Според сознанијата, реисот Реџепи часовникот почнал да го носи од летоска, по враќањето од одмор од Улцињ, Црна Гора. Тој го добил, најверојатно, како подарок од некој од своите пријатели со кој во тој период се сретнал во познатото летувалиште. Не е познато зошто пријателот му дал ваков вреден подарок. Неофицијално се дознава дека станува збор за мошне богат бизнисмен, кој во тој период престојувал во Улцињ за да склучи договор за купување хотел во црногорскиот град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дали е ова последно менување на стрелките на часовникот?
-
Ќе бидеме подебели, поглупи, помрзоволни: Ова се последиците од укинување на сезонското сметање на времето!
-
Часовникот на Музеј на град Скопје покажува 6.17 наместо 5.17, од кабинетот на Шилегов не знаат како се поместиле
-
Колку е опасно по здравјето поместувањето на стрелките на часовникот?