| четврток, 6 декември 2018 |

Озил 12 недели надвор од фудбалските терени

Играчот за врска во Арсенал, Месут Озил ќе отсуствува 12 недели поради повреда на коленото, тврдат британските медиуми.

Озил го одигра целиот натпревар против екипата на Челси, но по пристигнувањето во кампот на германската репрезентација се пожалил на повреда на коленото.

Лекарскиот тим потврдил дека тој ќе треба да мирува шест недели, а потоа уште шест недели ќе трае периодот на рехабилитација.

Озил нема да игра на квалификациските натпревари за Германија против Полска и Ирска, а, исто така, ќе ги пропушти дуелите против Шпанија и Гибралтар во ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top