По разговорот со полицајците, заврши повеќечасовната драма, при што жената го предаде детето кое потоа во Центарот за социјални работи му е предадено на таткото, кој има решение девојчето да биде кај него, а мајката го зела од градинка без одобрение и го донела во својот стан.
Според решението, мајката имала право да го гледа еднаш неделно, и тоа само во петок, на еден час во присуство на социјален работник. Меѓутоа, таа во вторникот отишла во градинката и околу 14 часот го зела детето со сила.
Буквално го грабнала девојчето и го однела во својот стан, без да го извести таткото. Кога тој дознал, прво разговарал со мајката, но таа му рекла дека нема да го даде детето.
Го известил Центарот за социјална работа, но таа не сакала да ја отвори вратата, па била повикана и полицијата.
Со оглед на тоа што детето било заклучено со мајката во станот, јавен обвинител наредил обивање на станот.
Пожарникарите по доаѓањето раширија воздушна перница во случај жената да скокне, а преговарачкиот тим почнал преговори со жената за да ја убеди мирно да го предаде детето на таткото. Речиси по два часа пожарникарите ја издуваа перницата.
-Кога и тропнавме на врата, таа рече дека ќе скокне од тераса со детето. Моравме така да постапиме – велат од Центарот за социјални работи.
За овој случај има три страни, нејзината, неговата и вистината.
Факт е дека таткото има привремено решение за старателство над детето, а за мајката велат дека била алкохоличар и наркоманка, но нејзините родителити тврдат дека таа си го сака детето и дека таткото е проблематичен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за киднапирање на дедото на Јелена Ѓоковиќ
-
Го киднапирале од улица „Јуриј Гагарин“ и го чувале во стан поради наводен долг
-
Киднапирање во тетовско: Му го грабнале зетот, па му барале откуп за да го ослободат
-
Киднапирање во село Љубош: Со вреќа на главата го фрлиле во комбе, па се разбудил во Батинци