| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер: Не ја заслужив победата

Еден од најдобрите тенисери во светот, Швајцарецот Роџер Федерер, се пласираше во третото коло на турнирот во Шангај, по победата над Леонардо Мареј.

Федерер по победата од 2-1 над Мареј, кој прокоцка дури пет меч-топки, изјави дека не го заслужил пласманот во наредното коло.

– Дозволете ми да бидам искрен, мислам дека тој ја заслужи победата. Мислам дека имав неверојатно многу среќа. Натпреварот беше многу неизвесен. Имав неколку добри пресврти, но ова е најверојатно мојот најголем. Затоа ми е жал за Леонардо, морам да го кажам тоа. Некогаш ќе победиш, некогаш ќе загубиш – изјави Федерер.

По поразот на Рафаел Надал, Швајцароцот ќе дојде до втората позиција на листата на АТП.

– Тоа се добри вести, подобро да одам нагоре отколку надолу. Рафа не играше некое време и јас го искористив тоа. Не сум освоил гранслем-турнир оваа сезона, а тоа покажува колку сум константен – вели Федерер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top