Легендарниот Раде Шербеџија го промовира својот најнов албум „Време је, драга време је“. На сцената во Универзална сала Шербеџија беше придружуван од неговиот „Западни колодворни бенд“. Почна со познатите нумери „Имам пјесму за тебе“, „Барбара“, „Панонске трешње“, што е песна која за него ја напишал Арсен Дедиќ и со неа Раде го освоил 2. место на концерт во Загреб. Потоа следуваше „Косе боје мака“, па „Винковци“, „Девојко мала“. „Песна за разочарани партизан“ е нумера посветена на неговиот татко Данило, кој има 101 година.
„Интернационала“ е нумера која му припаѓа на новиот албум на Шербеџија. Актерката Јана Стојановска со „Западни колодворни бенд“ отпеа една песна, а потоа со Раде и Влатко Стефановски ја изведоа „Елено ќерко“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кога најблизок ќе ти замине, не се зборува: Шербеџија потресен од големата загуба!
-
Имав 0,8 промили алкохол, три пати ми правеа алкотест – се огласи и Шербеџија
-
Славниот актер Раде Шербеџија се најде зад решетки
-
Албанците му пакуваат афера на Шербеџија: Измислија дека ќе го глуми терористот Адем Јашари!