Меѓународна Конференција насловена „Бизнисот прави разлика – Меѓународни практики на општествена одговорност, претпријатијата и нивниот ангажман во поддршката на заедницата“ денеска ќе се одржи во Скопје.
Конференцијата има за цел да ги информира учесниците за можностите кои произлегуваат од градењето на меѓусекторски партнерства меѓу приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор, како и да ги поттикне за активно инволвирање во заедницата, соработка со другите сектори и да ја преземат одговорноста во општеството.
На Конференцијата ќе бидат презентирани практични примери и најдобрите практики и искуства за да се охрабрат компаниите да ги интегрираат принципите на општественото одговорно работење во својата бизнис стратегија и во процесот на денесување одлуки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конференција за спа туризам и туристичка берза во Скопје
-
Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци
-
Работното време ѝ поминува на гробишта: Македонка со успешна бизнис-приказна
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин