Џамел Меклин ја претрка сирената и последниот звук за крај на натпреварот во Берлин и на фантастичен начин со специфичен удар во кошарката постигна поени за победа на Алба Берлин против НБА шампинот Сан Антонио спарс. Успехот е поголем ако се знае дека „мамузите“ од САД ја имаа топката на 5 секунди до крајот, но домаќините пресекоа напад и со блиц-криг акција го шокираа најдобриот тим на планетата.
Меклин во скок експресно ја исфрли топката и погоди. За Алба настапи и македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски, одигра речиси 6 минути и постигна 4 поени. Меч што Војдан сигурно долго ќе го памети, голема победа за Алба и кош за незаборав за Џамел Меклин.
l’Alba Berlin bat les Spurs sur un incroyable… by BasketInfos
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)