| четврток, 6 декември 2018 |

Како да испеглате кошула за 90 секунди

Ако сте се успале наутро или едноставно немате време да пеглате кошула за на работа, овој трик ќе ви помогне да го забрзате процесот и за 90 секунди да бидете готови.

pegla

Повеќето мажи ги носат кошулите под сако, така што доволно е да ги испеглате само јаката, предниот дел и манжетните.

За почеток свртете ја штицата за пеглање обратно, испразнете ја водата од пеглата, загрејте ја, испрскајте ја со вода и напрскајте го делот што треба да го пеглате. Ова правете го неколку пати. Притискајте силно и влечете со прстите на спротивниот крај.

Особено внимание обрнете на јаката, бидејќи таа најмногу ќе се гледа. Најпрво исправете ја и поминете ја цврсто со пеглата, а потоа превиткајте ја, па притиснете повторно за да не се изместува додека ја носите. Манжетните, пак, откопчајте ги и испеглајте ги однатре, само на краевите на ракавите. На крај закачете ја кошулата на закачалка малку да се олади и готово – подготвена за носење за неколку секунди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top