| четврток, 6 декември 2018 |

Кошулата на Ел Чапо е нов моден тренд во светот (фото)

Врз основа на новите, модни трендови може да се заклучи дека многубројни се тие што сакаат да бидат облечени како Ел Чапо.

chapo-penn

Имено, откако во јавноста излезе фотографијата на која наркобосот се ракува со Шон Пен, почна вистинска „манија“ по кошулата што ја носел за време на интервјуто со американскиот актер.

SeanPenn-kosulja-620x350

Фотографијата се појави на сајт што продава машка облека  „Барабас“ со натпис „најбарана“, а мажите може да ја купат за 117 евра.

Оваа реклама беше и повеќе од успешна со оглед  на тоа дека интересот за овој модел е огромен. Но, како што се наведува, за кошулата не се заинтересирани само мажите туку и жените, кои ги интересира каде може да пронајдат женски модел на ова парче облека.

Barabas_2680_B_F2

barabas2680-b

 

Слободно може да заклучиме дека Ел Чапо диктира модни трендови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top