Карирано
Оваа сезона ќе се носи карирано. Без разлика дали станува збор за палто или, пак, за панталони, овој дезен сигурно ќе го обележи периодот пред нас.
Различни нијанси на розово
Розовата боја е најавена како голем тренд за оваа година, а со оглед на тоа колку многу блогерки ги носат овие нијанси, тоа нѐ потсетува дека треба да инвестираме во овој тренд. Определете се за комбинација која во целост ќе се состои од розови нијанси или, пак, само за еден додаток. Што и да изберете, нема да згрешите со овој тренд.
Бели додатоци
Од чизми до очила, белите додатоци се апсолутен хит сезонава. Ефектни се и може да го освежат едноставниот изглед, како тој од фармерки и јакна, на пример.
Нова кошула
Различни модели на бели кошули кои многу едноставно се комбинираат со другите парчиња облека. Од класични кошули со копчиња, до модели со ѕвонести ракави, панделки, карнери, белата кошула повторно е во фокусот.
Дуксерка
Дуксерките најчесто имаат необичен крој, асиметричен, кој на секој изглед му дава доза на модерно и на ефектно.
Линии
Оваа сезона слободно може да ги спојувате класичните хоризонтални линии со дијагоналните. Дури и да не сте љубител на линиите што ги предлагаме, може да направите свои комбинации.
Преголема јакна
Имајте на ум, оваа сезона вашата јакна треба да биде преголема. Јакната со крзно може да ја комбинирате со фустан.
Масивни чизми на платформа
Додека кратките чизми со потпетица сѐ уште се во тренд, според изборот на блогерките, масивните модели со рамна платформа наскоро ќе им се придружат. Многу добро изгледаат во комбинација со здолниште или фустан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.