Сириски курдски претставник предупредува дека терористичката група Исламска држава може да ги окупира Турција, Бугарија и Романија, доколку не биде запрена, објави БТА.
– Ситуацијата во сирискиот град Кобане е клучна. Ако терористичката група Исламска држава ја преземе таа зона, ќе бидат разделени двата сириски курдски региони Африн и Џезире, што ќе го ослабе нашиот отпор – изјави Гариб Хасу, претставник во ирачки Курдистан на сириската партија Демократски сојуз.
Во изминатите денови Исламската држава зазеде три квартoви на сирискиот курдски град Кобане, стратешка зона распоредена на границата со Турција.
Исламска држава презеде големи реони во Сирија и Ирак, каде што прогласи „исламски калифат“. Лидерот на организацијата во јули предупреди дека Шпанија е „нејзина легитимна територија“ и покажа карта на калифатот во која исто така беа и Романија, Бугарија и Грција, пишува романскиот весник „Гандул“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.