| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите урнале воен хеликоптер во Ирак, загинале двајца пилоти

Џихадистите на Исламската држава собориле хеликоптер на вооружените сили на Ирак во северниот дел од земјата, при што загинале двајцата пилоти, пренесуваат тамошните медиуми истакнувајќи дека специјалните сили успеале да извлечат 300 војници од опкружување на бунтовниците во близина на западниот ирачки град Рамади.

irak

Според медиумите, воениот авион „Бел-407“ бил соборен северно од градот Баиџи, во ирачката провинција Салах ал-Дин, 200 километри северозападно од главниот град Багдад. Бунтовниците користеле мобилен ракетен систем за противвоздушна одбрана. Се истакнува дека ова е втор хеликоптер на ирачката армија соборен во текот на оваа седмица.

На другата страна од земјата – западната, од широкиот фронт што го отвори Исламската држава во Ирак, во провинцијата Анбар се води голема операција за разбивање на блокадата на три единци на ирачката армија, каде што борците на Исламската држава опколија 300 војници источно од Рамади, покраинскиот административен центар. Во операцијата биле вклучени единици на копнените сили, единици за брз одговор и воена авијација. Според ирачките медиуми, бунтовниците претрпеле сериозни загуби во жива сила и опрема, меѓу точниот број убиени екстремисти не е прецизиран.

Девет бунтовници се убиени, пак, во воздушни напади на ирачката авијација врз позициите на Исламската држава во областа ад-Далуија во провинцијата Салах ад-дин, на 80 километри северно од Багдад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top