
Една од двете млади Босанки што ги напуштиле своите домови во Австрија и им се придружиле на екстремистите на ИСИС сака да се врати дома.
Двете Босанки што живееле во Австрија, Сабина Селимовиќ (15) и Самра Кешиновиќ (16), побегнале во април од своите домови во Виена, а на своите родители им порачале дека заминуваат бидејќи сакаат да се борат за ислам.
Самра, за која се верува дека се омажила за Чеченец, сака да се врати дома бидејќи видела премногу воен ужас. Во Сирија тие се сведоци на јавни стрелања, обезглавувања и воздушни напади.
Експертите предупредуваат дека е невозможно бегство од припадниците на ИСИС, иако една Сиријка неодамна побегна во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


