| четврток, 6 декември 2018 |

Героски разочаран од добиената препорака, сега бара услови во извештајот таму каде што ги нема

gero1

Откако уредникот на „Плусинфо“ и на „Слободен печат“, Бранко Героски, ликуваше Македонија да не добие препорака, нешто за што денес беше демантиран со добиената шеста препорака на ЕК за почеток на преговори, тој направи нов гаф и на својот профил на „Фејсбук“ објави:
– Јасни услови за Груевски што да прави ако сака препораката да остане!!!

Уште поинтересно е што во текстот што го објавува подолу нема услови, туку препораки што се вообичаен сегмент од сите претходни извештаи кои ги добила Македонија. Во текстот Героски пишува дека властите треба да преземат одлучна акција и да се осврнат на загриженоста поради растечката политизација и растечките недостатоци кои се однесуваат на независноста на судството и слободата на изразувањето, за препорката да може да остане и во наредните години. Вакви слични препораки содржат и извештаите кои ги добиваат и останатите држави. Имено, самиот извештај е материја која содржи согледувања и препораки. Таков е и извештајот на ЕК за Македонија кој и оваа година ја содржи препораката за старт на преговори. Очигледно, Героски откако не му успеа лобирањето Македонија да не добие препорака за преговори, почна да бара услови во извештајот таму каде тие не постојат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top