Здравјето е најважно и често за него почнуваме да се грижиме дури кога нешто ќе ни се случи. Во настојување што побрзо да се дојде до оздравување, многумина прават грешки што не само што можат да го одолжат оздравувањето, туку може да се предизвикаат и поголеми проблеми.
Ова се петте глупости што најчесто ги правиме кога сме болни, а не би требало, пишува „Јаху“.
1. Премногу лекови
Кога ќе „закачиме“ настинка или грип, многумина ќе посегнат по некој фармацевтски производ со надеж дека побрзо ќе оздрават. Ако сте настинати или боледувате од грип ќе сакате што побрзо да ги смирите симптомите. При тоа земате една доза од некој медикамент, но за 15 минути не чувствувате подобрување, па посегнувате по уште една доза? Внимание, тоа може да го одложи оздравувањето за еден ден или два, а пред земањето на кој било производ за намалување на симптомите на настинка, проучете кое е времето на дејствување и која е препорачаната доза. Претераната употреба на лекови во текот на настинката може да предизвика нови нескакани симптоми и нуспојави.
2. Претерано издувување на носот
Се чини логично, зар не? Кога сте настинати и ви тече носот, трошите повеќе од десетина ролни хартија за што побрзо да ја „исфрлите настинката“. Сепак, силното „дување на носот“ ќе донесе моментно олеснување, тоа може да доведе до тоа да „повлечете“ во синусите течност/слуз што содржи бактерии. Решение? Кога ќе го дувате носот, правете го тоа нежно и полека и немојте при тоа да ги стискате ноздрите.
3. Пиете кафе со надеж дека ќе добиете повеќе енергија
Кога сте настинати или боледувате од грип, морате да помине време за заздравување. Хидратацијата, освен мирувањето, е многу важна ставка при заздравување. Ако се обидувате да издржите уште некој ден на работа, па посегнете по поголема количина кафе, не правите добро. Кафето дополнително ќе го дехидрира вашиот организам и ќе ги направи нештата малку потешки.
4. Земате стари антибиотици
Дали од лекарот еднаш сте добиле рецепт за антибиотици, но не сте го потрошиле целото пакување? Сигурно. Можеби сте меѓу тие што го чуваат остатокот од лековите ако повторно затребаат. Антибиотиците дејствуваат на бактерии, а не на вируси, па нема потреба да се пијат ако е во прашање вирус. Особено, никогаш не би требало да земате антибиотици на своја рака без препорака од лекар.
5. Не ги следите упатствата за употреба на спреј за нос
Носот ви е затнат, имате проблеми со дишењето и сакате да вдишете малку кислород низ „затнатите ноздри“? Најверојатно тогаш не го испуштате од рака спрејот за нос. Пред употреба, секако, прочитајте ги упатствата за примена и задолжително придржувајте се кон нив. Ако го користите подолго од препорачаното, тоа може да доведе до ново воспаление и нови здравствени проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се наполнија амбулантите: Вирусите ги напаѓаат и старите и младите
-
Ова се првите симптоми на рак на дебело црево…
-
Уште еден дипломат од американската амбасада во Куба заболе од мистериозната болест
-
Ова бебе има 23 години: Роден е 1995 година и престанал да се развива откако наполнил една година (видео)


