Четириесет компании веќе добија 10,9 милиони евра кои ќе овозможат нови вработувања на 185 лица.
Во моментот се исплаќаат нови 10 милиони евра за кои аплицирале 59 компании. Проценките се дека тие ќе отворат нови работни места за над 250 работници.
До крајот на овој или почетокот на идниот месец на уште 20 компании кои веќе поднеле апликации ќе им бидат одобрени околу 7 милиони евра за финансирање на инвестициски проекти и обртни средства. Се очекува во овие компании да се отворат работни позиции за 100-тина лица.
-Досега се обезбедени вкупно 350 милиони евра евтини кредити, при што повлечени се 25 транши во износ од 261 милион евра за поддршка на илјада 259 проекти- вели Ѓорѓиев. При тоа овие компании вработија пет илјади 654 лица.
Емисијата „Индекс” и гостувањето на Ѓорѓиев можете да го погледнете на следниов линк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѓорѓиев: Скапаа доматите од годинешната реколта, а Заев и Димитров не успеаја да испорачаат реформи за преговори со ЕУ
-
Ќе се намалат каматните стапки на земјоделските кредити преку МБПР
-
Нови 30 милиони евра евтини пари на располагање на домашните фирми
-
Лаборатории ќе се комерцијализираат и стават во функција на бизнисот



